Мурињо изгушка дете кое враќа топки и го испофали: Сакам интелигентни деца! (ВИДЕО)

Лондонски Тотнем со џиновски пресврт и четири гола во второто полувреме го победи Олимпијакос со 4-2 за да го завери пласманот во осминафиналето во Лигата на шампионите, ама освен победата, контроверзниот Жозе Мурињо најмногу го израдува детето што враќа топки, за асистенцијата во клучен момент кога лондончани стигнаа до израмнување пред полувремето.

Португалскиот менаџер после асистенцијата која беше вовед за рутински гол на Хери Кејн, веднаш истрча до момчето за да го изгушка, ама потоа му посвети огромни пофалби на прес-конференцијата по мечот.

„Многу сакам интелигентни деца, кои враќаат топки. Исто како што бев во младоста. Ова дете беше брилјантно. Ја читаше играта, ја разира играта и имаше толку добра асистенција. Тоа беше момент што нема да го заборави. Тоа беше многу важен гол пред полувремето“, рече Мурињо