ЛШ доби дебитант во новата сезона!

Лигата на шампионите, чија актуелна сезона допрва ќе заврши во следните 11 дена, за новата веќе има еден дебитант, покрај веќе сигурните пласирани екипи од најсилните лиги по завршувањето на рестартираната сезона прекината од коронавирусот.

По триумфите на Севилја и Шахтер во четвртфиналињата во Лига Европа, автоматски се отвори француски Рен да добие директно место во групната фаза и сигурни 28 милиони евра, наместо да игра трето коло во квалификациите во „нешампионската група“.

Поради победите на шпанскиот тим, кој веќе има пласман во ЛШ, како и на Шахтер, кој е првак на Украина и сигурно ќе игра во елитното друштво, во Лига Европа останаа екипи кои веќе се пласирани во мултимилионското друштво (Интер и Манчестер јунајтед), па така се отвори шанса за Рен наместо квалификации, да биде секако дебитант.

Тоа што најмногу ги радува во Рен е и фактот дека директниот пласман ќе значи сигурно останување на својот бисер Едуардо Камавинга, а со тоа и зголемување на неговата цена, па веќе идното лето би требало буквално да се збогатат од неговата продажба, зашто великаните се на готовс да го одврзат ќесето и да го купат.