Љоренте го праша Де Роси колку има до крај, реакцијата на тренерот - урнебесна (ВИДЕО)

Две години откако ја освои Конференциската лига, Рома повторно е во полуфинале од европски куп, сега во Лигата Европа.

„Волчицата“ излезе како победник од италијанскиот двомеч кој беше интересен до крајот. Синоќа Рома го победи Милан на домашен терен со 2-1, за потврда на пласманот меѓу четирите најдобри, а во второто полувреме се случи еден урнебесен момент. Диего Љоренте во 72. минута се доближи до Де Роси за да го праша уште колку има до крајот (??), а тренерот на Рома буквално побудале.

Почна да мавта и да вика по својот фудбалер, јасно ставајќи му до знаење дека мора да се фокусира на играта, а не на времето.