Ливерпул е европски првак, ама две години не може никого да победи на гости во групите (ФОТО)

Шесткратниот европски првак Ливерпул во јуни годинава се искачи на европскиот фудбалски трон и се круниса за владетел на Стариот континент, една година откако претходно го загуби финалето во Киев. Но, иако „црвените“ предводени од Јурген Клоп се на врвот на Европа, во групна фаза ич не им оди на гостувањата.

После две одиграни финалиња, помалку чудно делува дека Ливерпул всушност нема победа на гостување во групи во ЛШ, уште од 17 октомври 2017 година, кога го распарчија словенечки Марибор со 7-0. Лани ги загубија сите три гостувања, меѓу кои и кај белградска Црвена Звезда, а годинава исто така почнуваат со пораз.

Наполи со Елиф Елмас го зема скалпот на Ливерпул и само ја продлабочи мизерната серија на Клоп против Италијанците. Очигледно на Германецот, Италијанци ич не му лежат. Веќе 11 години не победил ни еден калчолигаш на нивни терен. Последен пат со Борусија Дортмунд во 2008 година кај Удинезе.