Лига Европа: Манчестер јунајтед и Интер се избегнаа на патот кон финалето!

Двата најголеми фаворити за освојување на трофејот во Лига Европа, Манчестер јунајтед и Интер се избегнаа на патот кон финалето на завршниот турнир во Германија, откако денешната ждрепка не ги спои во елиминациските фази во четвртфиналето и полуфиналето, иако и двата тима ја имаат за доигрување и осминафиналната рунда.

Ако за Манчестер јунајтед веќе е јасно дека ќе биде четвртфиналист после петардата во Линц против ЛАСК, Интер својот меч поради пандемијата со коронавирус не го одигра со Гетафе, па еден дуел ќе решава за евентуалното четвртфинале, но четата на Антонио Конте е еден од најголемите фаворити во Лига Европа, заедно со „црвените ѓаволи“ и поранепниот освојувач Севилја.

Ждрепката за Лига Европа сакаше да спои низа интересни пресметки, а доигрувањето на сезоната стартува со осминафиналните мечеви на 5 и 6 август, а од 10 до 21 август во Германија ќе се игра фајнлејт-турнирот. Мечевите ќе се играат на четири стадиони во Германија, во Дуизбург, Диселдорф, Гелзенкирхен и Келн, каде ќе се одигра и финалето на 21 август.

ОСМИНАФИНАЛЕ, 5 И 6 АВГУСТ
Вулверхемптон – Олимпијакос (1-1 прв меч)
Баер Леверкузен – Глазгов Ренџерс (3-1)
Шахтер – Волфсбург (2-1)
Копенхаген – Башахшехир (0-1)
Базел – Ајнтрахт Франкфурт (3-0)
Манчестер јунајтед – ЛАСК Линц (5-0)
Севилја – Рома
Интер – Гетафе

ЧЕТВРТФИНАЛЕ, 10 И 11 АВГУСТ
Волфсбург/Шахтер – Ајнтрахт/Базел
ЛАСК/Манчестер јунајтед – Башахшехир/Копенхаген
Интер/Гетафе – Г. Ренџерс/Баер Л.
Олимпијакос/Вулверхемптон – Севилја/Рома

ПОЛУФИНАЛЕ, 16 И 17 АВГУСТ
Олимпијакос/Вулверхемптон–Севилја/Рома - ЛАСК/Манчестер јунајтед–Башахшехир/Копенхаген
Интер/Гетафе–Г. Ренџерс/Баер Л. - Волфсбург/Шахтер–Ајнтрахт/Базел

ФИНАЛЕ, 21 АВГУСТ, КЕЛН (ГЕРМАНИЈА)