Леверкузен сигурен против Ренџерс, Севилја ја „нокаутираше“ Рома (ВИДЕО)

Баер Леверкузен и Севилја обезбедија пласман на фајнлејт-турнирот во Лига Европа, откако германската екипа славеше против Ренџерс, додека тимот од Андалузија ја „нокаутираше“ Рома на неутрален терен во Дуизбург.

Севилја го постигна првиот гол на мечот преку Серхио Регилон во 22. минута додека Ен Незири стрелаше за 2-0. Римјаните немаа многу шанси кон голот на противникот, па Севилја лесно стигна до триумфот и пласманот понатаму во елитното натпреварување.

Баер Леверкузен доминираше во текот на целиот натпревар против Ренџерс, па без проблеми славеше со 1-0 благодарение на голот на Диаби во 51. минута.