Куман за формата на Меси: Може да игра и подобро

Лионел Меси сезонава има само еден постигнат гол по четири кола во Ла Лига. Изминатиот викенд каталонскиот тим загуби со 1-0 на гостувањето кај Хетафе. 

Вечерва Барселона го пречекува Ференцварош во Лигата на шампиони, а па за формата на Меси синоќа на прес-конференцијата зборуваше и тренерот Роналд Куман.

„Меси би можелд да игра и подобро. Но, тој е среќен. Силно се труди на тренинзите и не можам да се пожалам на него. Реално немаше многу среќа изминатите натпревари. Погоди неколку стативи, едноставно немаше среќа, но уверен сум дека ќе биде подобар како ќе одминува сезоната“, рече Холанѓанецот.