Консеисао: Артета ми навредуваше член од семејството кој веќе не е меѓу нас!

Тренерот на Порто, Серхио Консеисао го обвини Микел Артета дека му го навредувал семејството за време на мечот меѓу Арсенал и Порто.

Арсенал на пенали го елиминираше Порто и се пласираше во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Атмосферата на теренот беше жешка, а тренерот на Порто вели дека паднале и тешки навреди од страна на Артета.

„Артета се сврте кон клупата за време на натпреварот и го навредуваше моето семејство на шпански“, вели Консеисао.

„Му реков дека личноста која ја навредува веќе не е меѓу нас“.

„Нека се грижи за тренирањето на својот тим, кој има повеќе од доволно квалитет да игра многу подобро“.

Артета беше запрашан што мисли за ваквата изјава на Консеисао, неговиот одговор беше краток:

„Немам коментар. Ви благодарам многу“, рече Артета.

Од Арсенал негираа дека имало било какви навреди кон тренерот на Порто.