Кој не купил билет може да гледа Вардар - Фенербахче на ТВ Нова

Натпреварот помеѓу Вардар и Фенербахче во рамки на плеј-офот за пласман во групната фаза од Лигата на Европа ќе може да се следи и преку малите екрани.

Телевизија Нова во последен момент го обезбедила преносот на натпреварот, што започнува во 20 часот на „Телеком арената“. Сите љубители на фудбалот што не успеале да дојдат до билет ќе можат да го гледаат натпреварот на фрекфенцијата на оваа телевизија.

ТВ Нова продолжува со преносите од натпреварите на фудбалскиот клуб Вардар летово, откако го пренесуваше реваншот со Малме во првото квалификациско коло во Лигата на шампиони, како и двата натпревари со Копенхаген во третото квалификациско коло. Јавноста не беше задоволна од реваншот со Копенхаген, бидејќи поради технички проблеми се емитуваше само второто полувреме. Се надеваме овој пат нема да има пречки, па преносот ќе мине во најдобар ред.

Претходно на оваа телевизија се емитуваше и Европското првенство за фудбалери до 21 година во Полска, финалето на Купот на Македонија, натпреварот од Лигата на Европа помеѓу Работнички и Динамо Минск во рамки на второто квалификациско коло од Лигата на Европа, а целата сезона ќе пренесува и натпревари од Првата македонска фудбалска лига.