
Карагер и Гери Невил едногласни - и тие тврдат дека немало пенал!
Чави Симонс со прекрасен гол ја доведе Холандија во водство, но Хари Кејн брзо возврати од пенал. Во финишот кога изгледаше дека ќе гледаме продолженија, Оли Воткинс со гол во 91. минута обезбеди второ финале во низа за „Гордиот Албион“.
Сепак, бурни реакции во јавноста предизвика пеналот кој го доби Холандија за изедначување. Контакт помеѓу Кејн и Дамфрис дефинитивно имаше, но дојде откако англискиот голгетер шутираше. Судијата Феликс Звајер по прегледувањето на снимката одлучи дека сепак елементи за пенал.
Мислењата во јавноста се поделени, меѓутоа и помеѓу Англичаните има такви кои сметаат дека не е пенал.
„Ова никогаш не е пенал“, објави Џејми Карагер.
Со Карагер се согласува и Гери Невил:
„Апсолутна срамота, како дефанзивец морам да го кажам тоа“.