„Италијанци разбудете се, погледнете што ни прават во Лига на шампиони“

Ваква беше пораката на разочараниот директор на Рома, Мончи, по елиминацијата против Ливерпул во полуфиналето на Лигата на шампиони (ЛШ).

Во Рома тагуваат поради пропуштената можност да се пласираат во финалето во Киев, откако го победија Ливерпул со 4-2, но тоа не беше доволно за да ја урнат англиската екипа.

„Мораме да го кренеме гласот, сите од италијанските фудбал, ова е невозможно. Не може да ми кажете дека судиите не влијае на резултатот, во Ливерпул примивме гол од офсајд, овде не ни беа досудени два пенали и не беше исклучен играч на Ливерпул“, вели Шпанецот.

Тој вели дека вакви работи не се случуваат често.

„Ако мислите дека е случајно, тогаш погледнете што му направија на Јувентус против Реал, па на Баерн во Мадрид, не ми е јасно зошто се против употребата на ВАР. Јас сум Шпанец, една година сум во Италија, но ова што се случува нема смисла. Не само што ја изгубивме шансата за трофеј, туку и екипата е повредена. Да имаше ВАР-технологија, вофиналето ќе беа Баерн и Рома“, објаснува Мончи.

Претседателот на „волчицата“, Џејмс Палота, беше уште пожесток во своите изјави.

„Судијата е кловн. Ова се повторува, сите гледаат што се случува, само судиите се слепи. Не е тоа ена грешка, туку десет против Јувентус, Баерн и Рома. Му честитам на Ливерпул, нема да им го одземеме успехот, но ова се претвора во циркус без ВАР-технологија“, објаснува Американецот.