Италија домаќин на УЕФА Суперкупот

Eвропската фудбалска федерација (УЕФА) потврди дека следниот Суперкуп на Европа ќе се игра во Италија.

Организацијата ја доби „Фриули“ во Удине, стадионот кој неодамна беше реновиран ќе ги пречека освојувачот на Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Минатата година Суперкупт на УЕФА беше одржан во Полска на „Националниот стадион“ во Варшава.

Натпреварот за трофејот во Суперкупот ќе се одржи на 13 август 2025 година.