![](https://sport1.mk/files/styles/article/public/article/2024/12/17/242968-miovski-e-dobitnik-na-ordenot-sveti-nikola-od-gradot-shtip.jpg?itok=SiOQCtIP)
Миовски е добитник на орденот „Свети Никола“ од градот Штип
Орденот „Свети Никола“ 13 години се доделува на Денот на град Штип - 19 декември, а овојпат меѓу добитниците е и Бојан Миовски.
Во образложението на Комисијата за доделување на ова највисоко признание на Штип, се вели дека Миовски е еден од најдобрите македонски фудбалери кој е силен репрезент на македонскиот фудбал, вистински амбасадор на Македонија.
Миовски е роден во Штип, кариерата ја почна во Брегалница, играше за Работнички и Ренова во домашниот фудбал, а потоа замина во странство, најпрво во Унгарија, потоа и во Шкотска, сега го носи дресот на Жирона во шпанската Ла Лига.