Ингебридтсен: Не победивме лесно, но завршивме добра работа!
Ингебритсен не пропушти шанса да го пофали „лордот“ Никлас Бендтнер, кој со изнуден пенал и гол од белата точка и една асистенција го предводеше Розенборг до победата.
„Добри сме, го контролиравме мечот и ова е добро постигнување за нас. Не победивме лесно, но завршивме добра работа. Играчите треба да бидат почестени. Никлас е фантастичен фудбалер, кој е во добра форма и ужива во фудбалот. Денеска имавме играчи кои покажаа дека сме во добра форма“, рече Ингебритсен, веднаш по мечот.