Идиотизмот на навивачите (пре)скапо чини: ФИФА ја одра Албанија за прекинот со Полска

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ѝ изпрати фактура на Албанија од дури 150.000 швајцарски франци (140.000 евра) за прекинот што го направија навивачите на западниот сосед со Полска, кога мечот привремено се прекина.

Навивачи на Албанија со стаклени шишиња фрлаа кон Полјаците и го погодија Карол Свидерски при прославата на голот на 13 минути пред крајот од мундијалскиот квалификациски меч на „Ер Албанија“ во Тирана, по што судијата го прекина мечот на 20-на минути, кој потоа се доигра и заврши со победа на Полска со 1-0.

ФИФА веднаш започна дисциплинска постапка против Албанија, најавувајќи дека неприфатлив е ваквиот „акт на насилство“, па сега ја испорача фактурата од дури 140.000 евра парична казна и еден меч пред празен стадион, кој Албанците ќе го одработат на крајот од овој циклус идниот месец на пресметката со аутсајдерот Андора, откако претходно ќе гостуваат во Англија кај „Гордиот Албион“.