Гатузо се налути: Немој да ги гледате само негативните работи!

Тренерот Џенаро Гатузо дебитираше на кормилото на Хајдук Сплит со победа од 2-0 против Торшавн, а по мечот одржа прес-конференција за новинарите.

Новинарите со нивните прашања го налутија Гатузо, кој им испрати јасна порака и посочи дека неговата екипа играла добро во поголем дел од мечот.


„Ми зборувате за негативни работи, а 60 минути игравме одлично. Овој дуел беше по серијата пријателски средби, а тие имаа одиграно 16 меча во лигата. Не може да очекувате победа од седум или осум разлика, не менува ништо тоа што доаѓаат од Фарски Острови“, кажа Гатузо.