Фудбалер на АЕК со слалом во стилот на Меси нанижа четворица и постигна – голчиште (ВИДЕО)

Екипата на АЕК Ларнака се пласира во плејоф-фазата од Лига Европа, откако синоќа одигра нерешено на гостувањето кај Партизан (2-2) со што ја задржа предноста од првиот меч (1-0), натпревар кој ќе се памети по понижувањето кое домашните фудбалери го претрпеа од сопствените навивачи, но и по маестралниот погодок на гостинската екипа.

Нашиот Иван Тричковски не настапи за Кипраните, а во негово отсуство на сцена стапи Фараж, кој го постигна вториот погодок за својот тим.

Тој со слалом во стилот на Лионел Меси нанижа четворица противници во црно-бели дресови, а потоа маестрално погоди со левата нога.