Европа згрозена, Англичаните вриштат: Бугарија е дувло на фашизам и расизам! (ФОТО)

Цела фудбалска Европа синоќа беше згорзена од сцените на „Васил Лиевски“ во Софија, каде евроквалификацискиот меч Бугарија – Англија (0-6) двапати беше прекинуван поради „мајмунлаци“ од трибините, но и поради гнасно нацистичко салутирање.

Англичаните веќе подолго време имаат проблем со расизмот. Во Црна Гора исто така беа навредувани, сега во Бугарија судијата двапати го прекинуваше мечот, ама за Англичаните и тоа не е нешто необично. Сликите од навивачи како нацистички салутираат го обиколија светот, а навивачки страници објавија дека во Бугарија има традиција да се велича расизмот и нацизмот.

Вчера Англичани околу стадионот направиле низа фотографии на кои се гледаат навивачки налепници (популарни „стикери“ со расистичка и нацистичка содржина. Свастика, „почитувај го расизмот“, келтски крст... Сето тоа е декор и во бугарската навивачка традиција. Затоа и пред мечот „се плашеа“ Англичаните дека може да има проблеми, а тоа на крај се - случи.

Сега од Островото бараат жестока казна за Бугарија. Дури некои навивачи на репрезентацијата се чудат, како воопшто Бугарија добива шанса да игра и да биде дел од Европа со вакво заостанато однесување.

Нема англиски медиум кој проблемот не го стави во прв план, барајќи од УЕФА сериозно овојпат да реагира, после фашистичкото и расистичко изживување во Софија, потенцирајќи дека земјата која е дел од ЕУ всушност е „дувло на фашисти и расисти“.

Вчера пред мечот селекторот и легендата на Бугарија, Красимир Балаков посочи дека во Бугарија нема пролеми со расизмот и дека повеќе расистички испади има во Премиерлигата, откаколку кај нашиот источен сосед, арно ама – брзо хулиганите си го покажаа лицето во Софија.