Ериксен ќе добие специјален вид на пејсмејкер откако доживеа срцев удар

На данскиот фудбалер Кристијан Ериксен че му биде вграден специјален пејсмејкер со дефибрилатор, кој ќе го реактивира неговото срце во случај повторно да запре. 

Играчот од средниот ред доживеа срцев удар за време на натпреварот со Финска на Европското првенство и го исплаши целиот фудбалски свет. За среќа лекарите го спасија неговиот живот.

Откако му беа направени серија тестови во болницата во Копенхаген, донесена е одлука на Ериксен да му биде вградена специјална направа, пејсмејкер, кој може потенцијално да му го спаси животот доколку повторно неговото срце запре со работа.

Се работи за направа наречена ИЦД или Имплантабилен кардиовертер дефибрилатор. Студиите покажуваат дека оваа направа им помага на луѓето кои имаат сериозни срцеви заболувања и во најголем број случаеви спасува животи.

„Кристијан ја прифати оваа опција и планот е потврден од специјалисти во Данска и во странство, кои сите ја препорачаа оваа дијагноза“, изјави докторот на данската фудбалска репрезентација, Мортен Боесен.