Елмас сè уште е позитивен на корона и ќе го пропушти мечот во Лига Европа

Наполи утре игра против АЗ Алкмар во Лига Европа, а тренерот на италијанскиот тим Џенаро Гатузо кажа дека нема да може да смета на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас затоа што тој сè уште позитивен на коронавирус.

Македонецот ги пропушти претходните натпревари на македонската селекција поради вирусот, но засега не успеа да го победи и ќе мора да паузира уште некое време.

„Елмас и Зиелински се позитивни. По 21 ден верувам дека ќе бидат негативни, а потоа ќе се вратат на тренинзите“, кажа Гатузо.