Црвена Звезда го декласираше Каират и закажа двомеч со Шериф (ВИДЕО)

Црвена Звезда со стил го избриша поразот од Каират Алмати од 2-1 од првиот натпревар на гостински терен. Белграѓани со камата му наплатија на казахстанскиот шампион и на стадионот „Рајко Митиќ“ славеа убедлива победа од 5-0. 

Александар Катаи ја најави победата уште во 9.минута со убав гол од далечина, а истиот фудбалер погоди за 3-0 пред крајот на првиот дел од слободен удар. Во меѓувреме во 19.минута во листата на стрелци се запиша и Луи Диони. Мирко Иваниќ и Филипо Фалко ја завршија работата во второто полувреме.

Звезда во третото квалификациско коло ќе игра со Шериф Тираспол, кој со двојна победа го елиминираше Алашкерт. 

ВТОРО КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО 
Нефчи - Олимпијакос 0-1 (0-2)
Шериф Т. - Алашкерт 3-1 (1-0)
Клуж - Линколн 2-0 (2-1)
Митјиланд - Селтик 2-1 пп (1-1)
Галатасарај - ПСВ 1-2 (1-5)
Лудогорец - Мура 3-1 (0-0)
Јанг Бојс - Слован Б. 3-2 (0-0)
Црвена Звезда - Каират А. 5-0 (1-2)
Спарта П. - Рапид В. 2-0 (1-2)

*Болдираните тимови се пласираа во третото квалификациско коло во ЛШ, а во заграда се резултатите од првите натпревари.