Циркузи: Шериф не може да отвори девизна сметка за да ги добие парите од ЛШ?!

Молдавски Шефиф од Тираспол, каде од летово член е македонскиот репрезентативец Бобан Николов се најде во циркус проблем, зашто милионите евра што веќе ги има заработено од УЕФА за пласманот и настапот во деби сезоната во Лигата на шампионите, нема да може да ги добие од Нион.

Шериф, кој има шест бода и еден пораз после победите со Шахтер и Реал во Мадрид веќе дојде до заработка од 25 милиони евра, што се практично четири годишни буџети на клубот, ама проблемот е што нема дозвола да отвори девизна сметка, за од УЕФА потоа да им легнат парите во евра.

Проблемот е што банките во Молдавија одбиваат да работат со девизни сметки, па политичкиот лидер на регионот Транснистриа, кој е регион кој сака да стане независен и има силно влијание од Русија, Вадим Красноселски веќе разговарал со молдавската премиерка Наталија Гаврилита за да се реши проблемот. Красноселски ѝ посочил на премиерката дека Шериф е мотор на молдавскиот фудбал и дека треба да биде иземен од националната политика, па да добие девизна сметка.

Проблем повеќе е што регионот Трансинистриа има своја посебна банка и валута, а таа банка во Тираспол не е признаена на светско ниво, па Шериф преку неа не може да оствари никаков влез на пари од странство, односно не може да соработува со УЕФА преку оваа банка.

Инаку Молдавија од 20914 година е под најстрог надзор на меѓународните банкарски институции, откако една милијарда долари исчезнаа од трите најголеми банки во земјата, а и по седум години истрага истата ниту е завршена, ниту има некаков исход.