Англија доби нов селектор, ама привремен
Англичаните не успеаја да најдат перманентно решение за клупата на националниот тим по заминувањето на Герет Саутгејт, па одлучија Карсли да го води на стартот од Лигата на нации идниот месец. Англија испадна од А лигата и ќе се натпреварува во вториот ранг, а противници во септември ќе ѝ бидат Ирска и Финска.
Не е исклучено Карсли да остане и потоа, во зависност одд резултатите што ќе ги постигне иако ФА во моментов е во потрага по попознато име за позицијата.