„Ако УЕФА има пасија кон фудбалот, нема да го казни Баерн за ова пиро-шоу“ (ВИДЕО)

Претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер смета дека УЕФА не треба да го казни клубот за пиротехничкото шоу кое синоќа го приредија фановите на мечот од Лигата на шампионите против Арсенал.

И покрај тоа што УЕФА строго забранува пиротехника на натпреварите, фановите на Баерн Минхен ги запалија факелите и направија одлична атмосфера.

„Ако УЕФА има пасија за фудбалот, што сметам дека имаат, тие ќе дозволат ова да помине неказнето“, изјави претседателот на Баерн Минхен, Хербер Хајнер.

Но, според „Билд“ нема да се оствари желбата на Хајнер. УЕФА дефинитивно ќе го казни Баерн Минхен, парична глоба ќе треба да се плати секако, а се стравува дека може и да има и забрана за навивачи за полуфиналето со Реал Мадрид.