Адеми збесна на Максимир - тргна да го тепа Отаменди!

Екипата на Динамо иако одлично го стартуваше натпреварот против Манчестер Сити и победе со голот на Олмо во 10. минута, сепак до крајот се случи целосен пресврт и загуби убедливо со 1-4.

Но, црна дамка на овој меч ќе остане неспортскиот потег на фудбалерите на Сити при првиот гол, за израмнување на 1-1. Имено, при акцијата двајца фудбалери на Димано лежеа на теренот, а наместо да ја исфрлат топката во аут, ја продолжија акцијата и Габриел Жесус постигна гол.

Неспортскиот потег на Сити и постигнатиот гол предизвика револт кај играчите на Динамо, а македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми, кој воедно е и капитен на тимот, сакаше физички да се пресмета со Отаменди, притоа го фати за врат. Поради тоа, Адеми доби жолт картон.