За 200 милиони по сезона, не само фудбал, Роналдо играше и оро со шеиците со сабја в рака! (ВИДЕО)

Откако замина во Ал-Наср и стана најскапиот фудбалер во историјата, со плата од 200 милиони евра по сезона, јасно беше дека Кристијано Роналдо нема да игра само фудбал, ама малку кој очекуваше да заигра и - оро.

Во сите промотивни обврски кои ги има како голема фигура во фудбалот во Саудиска Арабија, влезе и вчерашното прославување на националниот ден на Саудиска Арабија. Како дел од тимот на Ал-Наср и Роналдо се облече во свечени, традиционални алишта и со сабја в рака сврти оро со шеиците, во знак на празникот.