Во Иран судеа жена дека била на фудбалски меч, таа се самозапали пред судот и почина! (ФОТО)

Жителка на Иран почина една недела откако се запали пред судницата, бидејќи дозна дека може да се соочи со шест месеци затворска казна бидејќи успеа да влезе на трибините за да гледа фудбалски меч.  

Смртта на Сахар Кодајари веднаш го запали негодувањето во Иран, каде на жените им е забрането да одат на фудбалските стадиони, иако им е дозволено да гледаат други спортови, како што е одбојката...

Кодајари (29) почина во болницата во Техеран во понеделникот, пренесува новинската агенција „Шафгана“. Таа беше позната како „Сина девојка“ на социјалните мрежи по боите на нејзиниот омилен ирански фудбалски тим, Естигхал.

Таа се запали минатата недела, наводно откако дознала дека може да биде затворена затоа што се успеала да влезе на стадионот „Азади“ во Техеран, во март, за да гледа натпревар на својот омилен тим. Наводно, таа се претставувала како маж и носела сина марама и долго палто, но полицијата успеала да ја „улови“.

Таа мина три ноќи во затвор пред да биде ослободена, во веше во исчекување на конечната пресуда од страна на судот.

Сè уште не е донесена пресуда за нејзиниот случај. Инаку, ова не прв нејзин обид за самоубиство. Таа додека студирала се обидела да си го одземе животот.

Поради овој немил настан, Инфантино и даде рок од 15-ти јули на иранската влада да утврди какви чекори ќе се презема за да можат и жените да присуствуваат на квалификациите за СП во 2022 година.

Додека сме свесни за предизвиците и културните чувствителности, едноставно мора да продолжиме да напредуваме овде, не само затоа што тоа им го должиме на жените низ целиот свет, туку и затоа што ние сме одговорни да го сториме тоа, според најосновните принципи утврдени во Статутот на ФИФА, напиша Инфантино во писмото околу човековите права во Иран.

Иран ќе го игра својот прв квалификациски меч за СП на домашен терен на стадионот „Азади“ против Камбоџа на 10 октомври. Нема објавено за тоа дали на жените ќе им биде дозволено да присуствуваат, и ако не, дали фудбалската федерација на Иран ќе се соочи со казна.