Владата на Хрватска имаше седница, сите министри дојдоа во – хрватски дресови (ФОТО)

Хрватска е во мундијалска екстаза откако фудбалската репрезентација вчера се пласираше во финалето на 21-то Светско првенство во Русија, па целата еуфорија што ја зафати земјата донесе и необични работи, како на пример министрите во Владата да држат седница во – хрватски дресови.

Кога може претседателката на државата Колинда Грабар Китаровиќ да го „прекрши“ кодот на облекување, очигледно е дека можат и министрите и сето тоа многу симпатично беше прифатено од хрватската јавност. Дури и премиерот Андреј Пленковиќ даде интервју за американската мрежа „Си-Ен-Ен“ во дрес на Хрватска.