Уште една земја официјално го прекина комплетно фудбалот

Тоа што од претходно беше најавено, сега се официјализираше, па фудбал во Мексико нема да има за оваа сезона, откако клубовите решија комплетно да се прекине сезоната која вее два месеци е „суспендирана“ поради пандемијата со Ковид-19.

Првенството во Мексико се прекина по десет одиграни кола, а два месеци траеа преговорите дали да се продолжи да се игра или комплетно да се прекине, откако претходно лигата и клубовите донесоа одлука во следните две сезони да нема испаѓање од најсилната лига.

Главна причина за прекинот на првенството е што епидемијата во Мексико не стивнува, а дури осум фудбалери на Сантос Лагуба биле заразени, па преголем е ризикот да се продолжи со фудбалот.

Лигата во согласност со клубовите решија оваа сезона да ја поништат, да нема првак, а двата клуба Круз Азул и Леон, кои се во самиот врв, ќе играат и во следното издание на Лигата на шампионите на зоната КОНКАКАФ.

Новата сезона е планирана да почне кон средина на јули.