Унгарците ги „поминаа“ Германците: Ечеа навивачки песни на стадион! (ВИДЕО)

По Германија сезоната продолжи во Унгарија, а Ференцварош славеше против Дебрецен со 2-1 и со тоа отиде во плус шест.

Ференцварош сигурно чекори кон титулата, а интересна сцена ни доаѓа од овој меч, бидејќи и покрај тоа што натпреварите се играат пред празни трибини поради пандемијата на коронавирус, на стадионот имаше „илјадници навивачи“.

Секако, станува збор за картонски кутии со ликови на навивачите на нив, што претходно го направи тимот на Борусија Менхенгладбах на дуелот со Баер Леверкузен. Но, за разлика од Германците, Унгарците отидоа чекор понапред.

Покрај навивачите, на трибините биле поставени и звучници од кои ечеле навивачки песни, како и аплаузи при псотигнувањето на головите за домаќините и секоја создадена шанса за погодок.

Токму таа атмосфера направи Ференцварош да дојде до победата на овој дуел и тоа по негатива од 0-1.