Торонто во шок: Исчезнал најдобриот канадски фудбалер во историјата!

Пол Џемјс е најпознатиот фудбалер од Канада и најдобриот во историјата на оваа земја, човек кој беше лидер во 80-те години од минатиот век, кога оваа земја од Северна Америка ги направи најголемите фудбалски успеси и оттогаш ги нема повторено.

Џејмс сега исчезна и објавена е потерница од полицијата во Торонто, оставајќи ја јавноста шокирана после најновите информации. Полицијата во Торонто на твитер објави дека се бара фудбалската легенда, која во изминатиов период поминуваше низ кошмарни периоди. Едно време живееше како бездомник по улиците на Торонто, а потоа призна дека е зависник од кокаин и има сериозни проблеми.

Поранешниот фудбалер за врска беше најдобриот канадски фудбалер, под чие водство на теренот, Канада стана првак на „Голд купот“ во зоната КОНКАКАФ, а преку него обезбеди и настап на Светското првенство во Мексико во 1986 година на кое блесна Диего Марадона. Џејмс е член на фудбалската куќа на славните, едно време беше и тренер.