Тешки денови се пред Роналдињо: Мајка му почина од ковид-19! (ФОТО)

Роналдињо се соочува повторно со тешки денови пред себе откако неговата мајка Мигуелина Ели Асис дос Сантос почина во саботата од ковид-19.

Мајка му уште во декември минатата година заврши во болница, но докторите не можеа да ѝ помогнат да се избори со тешката болест.

Атлетико Минеиро, еден од тимовите во кариерата на Роналдињо, прв реагираше на трагичната вест.