Тажна вест од Габон: Поранешен репрезентативец пронајден мртов!
Фудбалерот бил пронајден без знаци на живот во близина на својот дом во Либревил. Околностите за неговата смрт засега не се познати. Случајот е предмет на истрага на надлежните органи.
Веста ја потврди Фудбалскиот сојуз на Габон, кој се прости од поранешниот репрезентативец што во периодот од 2013 до 2019 година забележа 14 настапи за националниот тим и беше дел од Африканскиот куп на нации во 2015 година.
Во текот на кариерата Мусаву Кинг настапуваше за повеќе европски клубови, меѓу кои Кан, Тулуз, Ле Ман, Гранада, Удинезе и Сент Гален. Активната кариера ја заврши во 2022 година.