Суперкласико ќе се одигра на „Бернабеу“, Ривер се согласи да настапи во Мадрид!

Драмата конечно добива епилог и би требало Суперкласико да се одигра на „Сантијаго бернабеу“, откако реваншот кој требаше да се одигра пред десетина денови на „Монументал“ беше одложен поради многу инциденти.

Во нападот беа повредени неколку фудбалери на Бока јуниорс, па тие не сакаа да играат на „Монументал“ и побараа слижбена победа, но КОНМЕБОЛ го казни Ривер плејт само парично и го пресели мечот во Шпанија на деветти декември.

Кога сите помислија дека е готово, тогаш се појави нов проблем. Ривер одби да игра во Мадрид и побара мечот да се одигра на „Монументал“, но јасно беше дека тоа е невозможно.

Сепак, убави вести пристигнуваат денеска од Аргентина, зашто Ривер на својата веб-страница соопшти дека ќе пристигнат во Мадрид и ќе го одиграат реваншот од финалето во Копа Либертадорес.

Треба да се спомене дека се очекува исполнет стадион во Мадрид, а цените во продажба се од 80 до 222 евра, додека на црниот пазар одат и до 3.000 евра.