Швајцарскиот суд ја одбил ФИФА да биде вклучена во истрагата против Инфантино

Швајцарскиот федерален суд ја одбил Светската фудбалска федерација (ФИФА), која побарала да биде вклучена во актуелната истрага што јавното обвинителство на Швајцарија го води против првиот човек на светскиот фудбал Џани Инфантино, што е голем проблем во обидот да го исчисти своето име.

Инфантино сите обвиненија за корупциската истрага против него ја опиша како „глупости“, но јавното обвинителство продолжува со истата околу случајот за влијание и прикривање на средби на Инфантино со поранешниот јавен обвинител Мајкл Лубер, преку личниот пријател на претседателот на ФИФА, Роналдо Арнолд, во 2016 и 2017 година. Лубер даде отказ откако беа извадени докази за тајни состаноци, а Инфантино се соочува со истрага за наводно влијание и злоупотреба на службена положба, со цел да не се чепка во раководењето на светската организација, која од ерата на Сеп Блатер беше потресена од многу корупциски афери со мито, перење пари...

ФИФА сакала да се вклучи во самата истрага, но добила негативен одговор, зашто истрагата не се води против светската организација, туку против личност, во случајот Инфантино, без оглед што од централата се пожалиле во барањето дека самата истрага против првиот човек е удар и кон самата ФИФА, рушење на нејзиниот углед и репутација.

ФИФА објавила дека ќе продолжи да биде кооперативна со надлежните институции, исто како и Инфантино.