Шпанија ја надигра Јапонија, Канада подобра од Нов Зеланд

Шпанските репрезентативки триумфираа со 2-1 против Јапонија, додека Канада беше подобра од Нов Зеланд со 2-1 на почетокот на фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Париз.

Јапонија прва постигна гол во 13. минута, но радоста траеше само девет минути бидејќи Бонмати израмни на 1-1, додека пресвртот го комплетира Калденти во второто полувреме.

Канада на идентичен начин стигна до победата, откако Бери стрелаше за предност на Нов Зеланд, но потоа Канаѓанките со два гола го решија мечот во своја корист.