Шпанија ги избра стадионите за Мундијалот во 2030 година

Mундијалот во 2030 година ќе се игра во Шпанија, Португалија и Мароко, а сега Шпанската фудбалска федерација ги објави стадионите на кои ќе се играат натпреварите.

На големо изненадување за натпреварите во Шпанија не е вклучена култната „Местаља“, домот на Валенсија каде што неодамна пристигна македонскиот голман, Столе Димитриевски.

Натпреварот на кои Шпанија ќе биде домаќин ќе се играат на стадионите на: Реал Сосиедад, Барселона, Лас Палмас, Севиља, Малага, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Депортиво Ла Коруња, Атлетик Билбао и Сарагоза.

„Местаља“ иако има капацитет од 50.000 седишта сепак не се најде на листата. Мароко и Португалија се уште не ги избрале стадионите на кои тие ќе бидат домаќини.