Сексапилната Ивана Кнол доби функција на СП 2026 – ќе ги „пали“ навивачите (ФОТО)
Хрватката, која стекна светска популарност за време на Мундијалите во Русија 2018 и Катар 2022, ќе има улога на официјален диџеј во навивачката зона организирана од ФИФА за натпреварот меѓу Бразил и Мароко, еден од најинтересните дуели во првото коло од групната фаза. Иако мечот ќе се игра на стадионот „МетЛајф“ во Њујорк, ФИФА организира големи фан-зони низ САД, а една од најголемите ќе биде сместена на легендарниот „Лос Анџелес Меморијал Колосеум“.

Кнол токму таму ќе биде задолжена за атмосферата пред и по натпреварот, пуштајќи музика за илјадниците навивачи кои ќе го следат спектаклот преку видео-бимови. Со оглед на фактот што Бразил важи за еден од главните фаворити за титулата, се очекува огромен број навивачи да присуствуваат во фан-зоните. Само во САД живеат речиси два милиони Бразилци, што гарантира вистинска карневалска атмосфера.
Атрактивната навивачка во меѓувреме се посвети на музичката кариера и настапува како диџеј на бројни настани ширум светот. Таа е родена во Франкфурт во 1992 година, а до осмата година живеела во Германија пред да се пресели во Хрватска. Првпат го привлече вниманието на светската јавност за време на Мундијалот во Русија, но вистинска глобална сензација стана на СП во Катар, каде што нејзините појавувања на трибините беа меѓу најкоментираните теми во светските медиуми.