Се јави Батшуаи на Твитер и пак растури: Еве како се зае**в! (ФОТО)

Миши Батшуаи и кога не постигнува голови знае да биде во центарот на вниманието. На мечот со Англија имаше еден несмасен момент во кој самиот се повреди со топката, но тој не би бил тој, ако не направи циркус од тоа.

Веднаш по натпреварот се јави на Твитер со две реакции. Прво напиша „прославите со Фортнајт (популарна игра) на головите станаа досадни, морав да измислам нешто ново“, објавувајќи го видеото од инцидентот со стативата.

Потоа објави фотографија од друг агол, во моментите пред да ја шутне топката во стативата и да се тресне по лицето.

„Еве ме мене една секунда пред да се зае**ам“