Роналдо нема да игра против Реал

Кристијано Роналдо се пресели од Реал во Јувентус, а летово овие две екипи имаат закажано дуел, на 5 август во Вашингтон, во рамките на Интернационалниот куп на шампионите, но Португалецот нема да настапи на овој меч.

Иако италијанските медиуми се уверени дека најдобриот фудбалер на планетата ќе биде подготвен за тој дуел, шпанска Марка истакнува дека КР7 одлучил да не игра, од едноставна причина што нема да има доволно време да се запознае со новите играчи.

Шефот на стручниот Масимилијано Алегри му даде одмор до 30 јули, а со оглед на тоа дека учеството на Мундијалот го заврши на 29 јуни, зад Кристијано ќе биде пауза од еден месец. Извесно е дека ќе ги пропушти дуелите со Баерн и Филаделфија и Бенфика и Њу Џерси, како и ревијалниот дуел со ѕвездите во МЛС лигата на 2 август во Атланта.

Потенцијално, Роналдо би можел да се најде на теренот три дена подоцна против клубот во кој помина девет години, но... Шпанците потсетуваат дека лани, исто така, имал долга пауза по учеството на Португалија на Купот на конфедерациите и дека првиот официјален настап го одиграл во Скопје, против Манчестер јунајтед, кога Зинедин Зидан го внесе во игра дури во последните седум минути. Марка е сигурна дека ниту ова лето Роналдо нема да ризикува, а згора на тоа на Јуве му е потребен комплетно фит за новата сезона која стартува на 19 август во Серија А.