Роналдо го поддржа Суперкласико во Шпанија: Ова е добро спортско решение!

За три дена со почеток од 20.30 часот се игра реваншот од финалето во Копа Либертадорес помеѓу Ривер плејт и Бока јуниорс на „Сантијаго бернабеу“.

Дуелот требаше да се игра на „Монументал“ во Буенос Аирес, но беше одложен и преместен поради големите инциденти.

КОНМЕБОЛ реши да се игра средбата во Шпанија, а на многумина таа идеја не им се допадна, па обвинија дека се изгубил сјајот на мечот.

Легенди како Рикелме и Марадона јавно ја критикуваа одлуката на КОНМЕБОЛ, но има и такви кои ја поддржаа, а тоа беше Бразилецот Роналдо.

„Финалето во Мадрид е добро спортско решение за двете екипи, како и за нивните навивачи. Тоа беше итна ситуација. Тоа што се случи во Аргентина беше грозно, но проблемот не е фудбалот, туку тие хулигани“, кажа легендарниот Роналдо.