
Приведен поранешен соиграч на Пандев – конзумирал кокаин и ѝ бегал на полицијата!
Тој се обидел да побегне, но полицајците успеале да го стигнат и уапсат, бидејќи бил позитивен на тестот за дрога, додека неговиот наод бил негативен на алкотестот.
Сентурион е надвор од теренот уште од април годинава, а негов последен клуб му бил Баракас, каде што бил на позајмица од Велез сарсфилд. Тој и досега имал проблеми со полицијата, со оглед што во 2018 година поминал на црвено светло на семафор и одбил алкотест, а во 2020 година девојка го обвинила за сексуален напад за време на забава со соиграчите.