Поранешна ѕвезда на Јунајтед ќе заврши во затвор поради - неплаќање алиментација!

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и репрезентативец на Бразил, Андерсон, лесно би можел да заврши во затвор и тоа на најмалку 30 дена ако одбие да ја изврши пресудата на судот.

Тој во моментов должи повеќе од 50.000 евра за алиментација, која не ја плаќал редовно, па сега му се заканува кој би бил од полуотворен тип. Андерсон до 2015 година имал четири деца, а англиските медиуми тврдат дека сега ги има дури девет.

Некогашната ѕвезда на „црвените ѓаволи“ и во минатото имал проблеми со законот, откако пред три години беше под истрага за перење пари со користење на биткоини.