Половина стручен штаб на Ајакс е во карантин, стравуваат од коронавирус!

Во последно време Ајакс бележи очајни резултати, испадна од домашниот Куп, пред тоа загуби од АЗ Алкмар и Хераклес, а како капак на се беше и елиминацијата од Хетафе во Лигата на Европа.

Но, сега пристигнуваат нови несакани вести за тимот од Амстердам. Како што пишува „Де Телеграф“, помошниот тренер на клубот, Кристијан Полсен, моментно е во изолација и се претпоставува дека е заразен со коронавирусот. Покрај него, исто така се сомневаат и во кондициониот тренер Алесандро Шенмајкер, кој е во карантин.

На овој начин, тренерот на Ајакс, Ерик Teн Хаг, остана без својот асистент и без кондициониот тренер пред важно гостување кај Херенвен, меч кој ќе се одигра во сабота во 20:45 часот.