Победата на Аргентина над Мексико за историја – втор најпосетен меч на Мундијалите!

Победата на Аргентина над Мексико со 2-0 за „гаучосите“ да останат живи на Светското првенство во Катар, испиша историја на Мундијалите како втор најпосетен меч во историјата на Мундијалите, откако ФИФА се пофали дека 88.966 гледачи го следеле мечот на стадионот „Лусаил“.

Пресметката која ја одбележаа Лионел Меси и младиот Енцо Фернандез со по еден прекрасен гол за победата на Аргентинците, е најпосетен меч во 21-от век на Светските првенства, а останува убедливо најпосетен дуел, финалето на Светското првенство во САД во 1994 година.

Пред 28 години на финалето на кое Бразил на пенали ја победи Италија за четврта светска титула тогаш, мечот го гледаа 94.194 гледачи и овој рекорд ќе остане и после ова СП во Катар, зашто нема стадион со поголем капацитет од „Лусаил“, кој е безмалку 90 илјади гледачи.