
„Петарда“ во мрежата на Интер Мајами за збогување со првото место (ВИДЕО)
Тимот од Флорида постојано беше во негатива, два пати губеше со по два разлика (0-2 и 1-3), но во последните 15 минути влезе со 3-3, благодарение на двата гола на Луис Суарез. Сепак, во 80. минута, Чикаго повторно поведе, со 4-3, а три минути подоцна го постави конечниот резултат.
Така, Интер Мајами не го искористи фактот што имаше неколку натпревари помалку и на три кола пред крајот на основниот дел има седум бода повеќе од лидерот на Истокот, Филаделфија Јунион, а тимот на Меси се наоѓа на петтата позиција во моментов. Да биде поинтересно, на Интер не му е обезбеден ни пласманот во плејофот бидејќи Чикаgo има пет бода помалку.