Пет причини зошто Бразил е фаворит за светската титула

Петкратниот светски шампион Бразил вечерва (20 часот) ја почнува својата фудбалска битка за шестата светска круна на ова Светско првенство во Русија, на кое „кариоките“ според обложувачниците е прв фаворит.

Бразилците се полни со талент, ги предводи Нејмар, имаат изворедна генерација, покриени на секоја позиција со двајца добри фудбалери, па оттаму и податокот дека се меѓу петте најголеми конкуренти за круната.

Ова се петте причини поради кои Бразил е фаворит за светската титула.

1. НЕЈМАР И НЕГОВАТА СВЕЖИНА

Ако нешто околу кое сè се врти во бразилскиот состав е првата ѕвезда Нејмар. И ако нешто посебно се погоди во периодов што Нејмар го дочекува СП свеж, одморен и ептен мотивиран за фудбал и за највисок пласман. Нејмар се повреди на почетокот на годонава, ја скрши метатарзалната коска и поради тоа не заигра фудбал до подготовките со Бразил. За разлика од другите ѕвезди, кои се трошеа до последната клупска недела, Нејмар одмораше, собираше сила и сега желбата да го освои златниот пехар кај него е толку голема, што практично целиот рехабилитациски процес го посвети исклучиво на добра подготовка за СП. За фудбалските квалитети е непотребно да се говори, тој е прва виолина на Бразил и лидер кој треба да ја води оваа селекција.

2. НЕВЕРОЈАТНИОТ ФУДБАЛСКИ ТАЛЕНТ НА ТИМОТ

Бразилските отсекогаш биле познати како фудбалски магионичари, кои со топката знаат сè и со еден потег може било кого да полудат. Оваа селекција има толку голем талент, што практично противниците треба да се плашат од каде ќе бидат нападнати. За Нејмар сите знаат кој е и што може, но тука се Вилијан, Даглас Коста, Габриел Жесус, Фирмињо, Кутињо во офанзивниот дел, а Марсело и Данило како бекови уште повеќе даваат напаѓачки шмек, па на било кој противник и тоа како ќе му треба и онцентрација и издржливост за да може да го собре екстра квалитетниот тим, кој го предводи селекторот Тите од клупата. Овој Бразил има голем и доволен квалитет за да го повтори успехот на генерациите 1858, 1962, 1970, 1994 и 2002 година.

2. 1958 ГОДИНА

Само еднаш во Европа победила неевропска селекција. А, токму тоа е Бразил, кој во Шведска пред шест децении стигна до својата прва светска титула. Во Шведска блесна Пеле, кој ја најави тогаш фудбалската доминација. Сега, Бразилците го имаат Нејмар, кого од поодамна го посочуваат како наследник на најголемиот бразилски фудбалски мајстор. Дали навистина е наследик, Нејмар ќе треба да покаже во Русија, а Бразилците не би требале да имаат проблем што играат на европско тло, затоа што речиси сите ѕвезди веќе играат на Стариот континент, ги знаат сите тактички варијанти на главните противкандидати и сега треба да го направат тој исчекор, кој не успеаа да го сторат на свој терен пред четири години, кога болно испаднаа со дебакл со 1-7 од Германија.

4. ДОБРИ ГОЛМАНИ

За една селекција да биде светски првак покрај добар среден ред, цврста одбрана, супер напад, мотивација, дисциплина мора да има и добар голман. А, Бразил на ова СП има два одлични чувари на мрежата. Прв избор е Аилисон Бекер, голманот на Рома, кој веќе извесно е дека ќе го урне светскиот рекорд за најскап голман. Втор е чуварот на мрежата на Манчестер сити, Едерсон. Селекторот Тите е на слатки маки, кого да одбере, но предност има Алисон. Од 2006 година наваму, секој светски првак имал извонреден чувар на мрежата – Буфон (Италија 2006), Касилјас (Шпанија 2010), Ноер (Германија 2014).

5. ИМПРЕСИВНИТЕ КВАЛИФИКАЦИИ

Колку е Бразил моќен најдобро покажаа јужноамериканските квалификации за ова Сп во кои „кариоките“ на 18 меча победија 12 пати и дадоа 41 гол, па беа меѓу првите селекции што обезбедија мундијалска виза. Во Јужна Америка, која е една група, многупати се покажало дека квалификациите се и тоа како тешки и незгодни, ама кога во тква група ќе се прошетате, значи дека селекцијата има неверојатен квалитет, особено што предвреме сте ги оставиле ривалите како Уругвај, Колумбија, Аргентина....

МААНИ

Прва и најголема маана на „кариоките“ е претерувањето во соло-играта. Бразил има извонреден тим, но ако овој тим не игра тимски, па играта се сведе на индивидуални акции, шансите за златниот пехар уште повеќе се намалуваат. Дали Тите ќе успее да го искомбинира тоа, индивидуализмот да го стави во функција на тимската игра ќе покаже ова СП?

Втора маана на Бразил е преголемата офанзива, која искусни тимови, кои имаат силна и цврста дефанзива би можеле да ја искористат со противнапади да го загрозат голот на „кариоките“. А, како трета маана е менталната слабост, ако Бразил се најде во негатива, поради што тимската игра се распаѓа, а индивидулизмот доминира, како што беше случај на последното СП со Германија (1-7).