Пеле се чувствува добро и се опоравува од операцијата

Легендарниот фудбалер Пеле минатата недела имаше операција со која му беше изваден тумор на дебелото црево. Докторите синоќа објавија дека тој одлично се опоравува. 

Бразилецот минатата недела беше задржан во болница, откако објави на социјалните мрежи дека бил на рутински преглед, кој не можел да го направи порано поради коронавирусот.

По неколку дена објави дека имал операција за отстранување на тумор на дебелото црево. Најважно е што легендата добро се опоравува, но не е јасно кога ќе биде пуштен од болница.

Љубителите на фудбалот се исплашија дека светот ќе остане без уште една легенда по она што му се случи на Диего Армандо Марадона.