Официјално: Шчесни нов голман на Барселона!
Шчесни ја прекина пензијата која ја најави по заминувањето од Јувентус и по кратко се враќа на терените и тоа во дресот на Барселона.
Барселона остана без Тер Штеген кој нема да биде во составот до крајот на сезоната, па Шчесни кој беше без клуб изгледаше како одлична опција и каталонскиот гигант ја искористи ситуацијата.
Според информациите на шпанските медиуми, Шчесни побарал гаранции дека во јануари нема да биде доведен нов голман и токму тоа бил негов главен услов во преговорите.
Веќе во наредниот натпревар на Барселона, Ханси Флик ќе може да смета на неговите услуги.