
Ништо ново од Бразил - Нејмар пак се повреди
Бразилскиот ас се надева на брза рехабилитација за што веќе почнал третмани, но никој во моментов не може да каже колку долго ќе биде надвор од тимот. Последните месеци тој почна да ја враќа препознатливата форма и на 21 настап во сите натпреварувања постигна шест гола и три асистенции.
Сепак, селекторот на Бразил, Карло Анчелоти одлучи да не го повика во септемвриските квалификации за Светското првенство, а честите повреди му ги намалуваат шансите на најдобриот стрелец во историјата на „кариоките“ да заигра за националниот тим на претстојниот Мундијал.